септември 20, 2024

Евроамбасадорот Дејвид Гир ја истакна важноста од уставните измени во преговарачкиот процес со Европската Унија. Тој рече дека не сака да се меша во ова прашање, но најави дека доколку не се случат овие уставни измени, преговарачкиот процес ќе биде запрен.

„Не можам да се мешам во овие работи бидејќи тоа не е во моја надлежност. Уставните измени произлегуваат од договорот за кој државата се обврза во билатералните односи со Бугарија. Оваа промена е суверена одлука за која треба да одлучи земјата. Северна Македонија веќе има добра историја на меѓуетнички односи и мислам дека ќе донесе одлука што ќе ја зајакне уште повеќе, без да влијае на идентитетот на оваа земја бидејќи идентитетот не се губи на патот кон ЕУ. Меѓутоа, бидејќи ова е дел од реализираниот договор што резултираше со отворање на преговорите со Европската Унија, доколку оваа промена не се случи, преговарачкиот процес ќе запре таму, а што ќе биде понатаму, не можам да ви кажам“, рече Гир.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK