септември 20, 2024

Според податоците на невладината организација Оксфам, најбогатите во светот го зголемија своето богатство за 50 отсто во последната деценија.

Повеќе од 200 милионери повикаа на повисоки даноци за ултра богатите во писмото испратено до светските лидери кои присуствуваа на Економскиот форум во Давос, Швајцарија, Писмото е објавено на интернет страницата costofextremewealth.com, а го потпишаа милионери од 13 земји.

Според авторот, писмото е апел до светските лидери да воведат данок на супербогатите.

„Вие, нашите претставници во светот, мора да не оданочувате нас ултра богатите и мора веднаш да започнете. Тоа е инвестиција во нашето општо добро и подобра иднина која сите ја заслужуваме, а ние како милионери ја сакаме таа инвестиција“, велат тие.

Според податоците на невладината организација Оксфам, најбогатите во светот во последната деценија го зголемиле своето богатство за 50 отсто.

Меѓу потписниците на писмото се и американскиот актер Марк Руфало и американската продуцентка Абигејл Дизни, правнука на Волт Дизни. Во 2022 година, милионерите со слично писмо им се обратија на шефовите на држави и влади во Давос.

TRT Balkan Macedonia / агенции

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK