На 01.03.2026 во 12:50 часoт во с.Семениште, општина Сарај, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода С.Х.(25) од с.Семениште, постапувајќи по претходна пријава дека на стариот пат Тетово – Скопје, поради недоразбирање во сообраќајот, физички го нападнал Е.Е.(34) од с.Арнакија, скопско, при што употребил остар предмет и му нанел убодни рани.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Следете не, не има насекаде
