септември 20, 2024

Досегашниот директор на Зоолошката градина во Скопје Драган Илиевски ќе стане в.д. Директор на ЈП „Водовод и канализација“, објавија утрово повеќе медиуми, а и самиот Илиевски ја потврди информацијата.

Со тоа, се разрешува досегашниот директор на комуналното претпријатие Марјан Митовски кој беше назначен на местото на екс шефот на кабинет на Христијан Мицкоски, Златко Перински.

Илиевски ќе биде трет директор на Водовод во само година и три месеци, колку што трае и мандатот на градоначалничката Арсовска.

Нов директор на ЗОО ќе биде Зоран Попов кој доаѓа од редовите на вработените во институцијата, со што трет директор за истиот период ќе добие и Зоолошката градина, односно на секои три месеци овие претпријатија под ингеренција на Град Скопје добиваат нови директори.

Се најавува и смена на в.д. директорот на Младинскиот културен центар, Ванчо Богоев кого Арсовска го назначи на местото на Русе Арсов.

Тројца директори се променети и во ЈП „Градски паркинг“,па така четири институции досега имаат по три различни директори за период од помалку од 15 месеци, со што се поставува прашањето дали на Арсовска може некој да и се погоди или пак таа има високи очекувања од кадрите што сама ги поставува.

The post Никој да и се погоди, Арсовска на секои три месеци менува директори на јавни претпријатија appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK