април 19, 2026

Англиската фудбалска асоцијација (ФА) донесе одлука според која бројот на клубови што ќе учествуваат во квалификациите за влез во елитната Премиер лига ќе се зголеми од следната сезона.

Следната сезона, како и оваа сезона, двата најдобри тима ќе обезбедат директен влез во Премиер лигата, но во дополнителните квалификации за последното место што води во елитата, нема да учествуваат тиимовите од третата до шестата позиција, туку во плеј офот ќе играат тимовите пласирани од третото до осмото место.

Одлуката е донесена затоа што сакаме да воведеме нова доза на драма на крајот од сезоната, но и да им овозможиме на повеќе клубови да се обидат да го остварат својот сон, пласман во кругот на најдобрите англиски клубови. Од следната сезона, третиот и четвртиот од рангирањето автоматски ќе ги освојат полуфиналињата од плејофот, додека петтиот против осмиот и шестиот против седмиот од рангирањето ќе играат за место во полуфиналето“, објасни ФА..

Водечкиот тим во популарниот Чемпионшип во моментов е Ковентри, втор е Мидлсбро, трет е Ипсвич, а четврти е Милвол.

Share

The post ФА направи промени во плеј офот за пласман во Премиер лигата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK