јануари 10, 2025

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека нема сомнеж оти победата на Русија во Украина е неизбежна.

Путин го кажа ова додека им се обрати на работниците во фабриката за оружје во неговиот роден град Санкт Петербург.

Путин рече и дека намерата на руските операции во Украина е „да се запре војната што со години трае на истокот на Украина“.

Путин денеска се сретна и со воените ветерани, велејќи дека Русија „долго време се обидува да најде решение за конфликтот во регионот на Донбас“, каде што проруските сепаратисти се борат со украинските сили од 2014 година.

„Значајните битки со тешко оружје, артилерија, тенкови и воздухопловни сили во Донбас не престануваат од 2014 година.

Сè што правиме денес како специјална воена операција е со цел да се запре војната. Тоа е смислата на нашата операција, заштитата на луѓето кои живеат на тие територии“, рече Путин.

Рускиот претседател го опиша истокот на Украина како „историска територија на Русија“, додавајќи дека испраќањето руски сили во Украина на 24 февруари минатата година „било неопходно за да се заштитат говорителите на рускиот јазик“ и „да се изврши демилитаризацијата „и денацификација“ на Украина, односно со цел „да се спречи Украина да стане закана за Русија“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK