септември 20, 2024

Слободното време Кристијано Роналдо најмногу го користи за да го поминува времето во забавни активности со семејството. Овој пат фудбалерот се забавуваше цртајќи портрет на својата избраничка Георгина Родригез.

Предизвикот беше обостран, а ниту еден од нив не се прослави со цртање на партнерот. Џорџина, сепак, имаше малку полесна задача и успеа многу слично да го нацрта својот партнер, додека Кристијано не успеа баш.

Во овој предизвик Кристијано покажа дека се уште подобро се справува со топката отколку со молив, а фановите ги насмеа со цртеж на својата партнерка. Повеќето луѓе најмногу ги привлекувале деталите од цртежот, како што се веѓите, ушите и носот на Џорџина.

Кристијано многу често ужива да го поминува времето со семејството, па неодамна уживаа во семеен ден во Ријад, по трансферот на Роналдо во Ал Наср од Саудиска Арабија, тој и неговото семејство поминаа цел ден во обиколка на градот.

На крајот на декември 2022 година, португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо стана нов играч на тимот од Саудиска Арабија – Ал-Наср. Роналдо потпиша двегодишен договор со кој ќе заработува повеќе од 70 милиони евра по сезона.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK