април 20, 2026

Актерката Деми Мур неодамна предизвика голема возбуда на Неделата на модата во Милано кога покажа драстична промена на својот имиџ на ревијата на Гучи.

Покрај младешкиот изглед, таа претстави и нова фризура. Ја замени својата препознатлива долга коса со боб, а за ревијата се одлучи за популарната варијанта „мокар боб“.

Оваа промена ги загрижи многуте обожаватели, а разни шпекулации почнаа да кружат на мрежите. Сепак, Деми Мур сега го прекина молчењето и ја откри вистинската причина за нејзината фризура. Зад виралниот боб, всушност, стои перика.

„Тоа е мојот начин да се изразам себеси и да се вратам кон себе, а оваа постојана врска со мојата долга коса е нешто што ми дава стабилност и чувство на дом, без разлика каде сум или што правам“, рече Деми Мур за време на настанот „Power Talks“, организиран од брендот Kérastase.

Share

The post (Фото) Деми Мур го прекина молчењето: ја откри вистинската причина за драстичната промена на имиџот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK