април 20, 2026

Сагата околу Душан Влаховиќ се ближи кон крајот. Напаѓачот за неколку месеци ќе биде слободен играч, што значи дека без обесштетување ќе го напушти клубот.

Челниците на Јувентус, не ја кријат желбата тој да остане, но под нивни услови.

Клубот му понуди на Влаховиќ краткорочен договор, но за речиси 40 отсто помала годишна плата.

Според пишувањата на италијанскиот фудбалски инсајдер Никола Скира, Влаховиќ ќе добие договор според кој ќе заработува седум милиони нето годишно, додека според моменталните приходи заработувал дури 12 милиони.

Како што стојат работите, Валховиќ нема да ја прифати понудата. Инаку за него, барем според медиумиските пишувања, интерес покажале Барселона, Арсенал, Челзи, Милан.

Србинот пред четири годоини од Фиоретина се пресели во Јувентус за 83 милиони евра.

Foto/ Depositphotos

Share

The post Последна понуда од Јувентус за Влаховиќ – Помала плата и краткорочен договор appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK