мај 18, 2026

На 10.03.2026 во 22:30 часот на место викано „Краварски пат“ во Богданци, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишија од слобода С.E.(62) од Република Турција. При преглед во патничко возило „фолксваген туран“ со албански национални ознаки,кое го управувал, пронајдени се седум лица мигранти од Египет.

Мигрантите се сместени во Прифатно–транзитен центар Винојуг во Гевгелија за понатамошна постапка, а лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK