Интер за 20 минути му даде набрзина два гола во првата половина од првото полувреме на актуелниот италијански првак Милан, па со триумфот со 3-0 во Ријад (Саудиска Арабија) стигна до трофејот во Суперкупот на Италија.
За Интер ова е седми трофеј во Суперкупот со што се израмнија по број на освоени вакви трофеи со градскиот ривал, а Јувентус со девет останува најтрофеен во ова натпреварување на првакот и победникот на Купот, кое се игра од 1988 година наваму. Интер и лани го освои Суперкупот во С. Арабија после победата со 2-1 против Јувентус по продолженија.