март 15, 2026

Женската кошаркарска репрезентација на Франција ги победи Филипините со 115:66 во квалификацискиот натпревар за Светското првенство.

Натпреварот, поради само еден потег, ќе остане запишан во историјата на женската кошарка во Франција.

Имено, една од репрезентативките на оваа селекција, Доминик Малонга (21), еден од контранападите го заврши со забивање и со тоа стана првиот играч на француската репрезентација, и сегашната и сите претходни, кој успеа да ја заврши акцијата атрактивно, на обрачот.

Иако нејзината кариера е сè уште во почетна фаза, Малонга веќе има со што да се пофали: таа беше најмладиот член на националниот тим на нејзината земја кој освои сребрен медал на Олимписките игри во Париз, а веќе остави трага во WNBA лигата каде што игра за Сиетл.

Покрај тоа, таа сега ја одбележа својата кариера со потег што ниедна француска кошаркарка пред неа не го направила.

фото/ЕПА

Share

The post (Видео) Прво забивање во историјата на француската женска репрезентација appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK