Соседите го опишаа како многу пријателски расположен човек: „Живеам на првиот кат, понекогаш го среќавав, а тој секогаш учтиво ме поздравуваше“
Парфем, дизајнерска облека и апчиња за потенција се меѓу предметите пронајдени во станот за кои истражителите веруваат дека ги користел уапсениот сицилијански мафијашки бос Матео Месин Денаро, пишува Ројтерс.
Месин Денаро (60) e уапсен во понеделникот во приватна болница во Палермо, откако се криел повеќе од 30 години. Моментално е во затвор во градот Аквила во централна Италија, каде што е префрлен од Сицилија.
Станот се наоѓа во скромна зграда во центарот на малото гратче Кампобело ди Мазара во западната сицилијанска провинција Трапани, на само неколку километри од родниот град на Денаро, Кастелветрано.
Инспекторите пронашле скапа облека, чевли, добро снабден фрижидер и многу сметки од ресторани. Пронајдени се и многу апчиња за потенција.
„Денаро водеше многу обичен живот, одеше во шопинг и слично“, изјави еден од истражителите Паоло Гвидо.
Соседите го опишаа како многу љубезен човек.
„Живеам на првиот кат од таа зграда, понекогаш ќе се сретнев со него, а тој секогаш учтиво ме поздравуваше“, вели еден од соседите Росарио Коњата.
Месина Денаро беше познат по љубовта кон луксузните предмети, вклучувајќи дизајнерска облека и скапи очила. Кога бил уапсен носел часовник вреден 35.000 евра.
Се претпоставува дека во тој стан живеел изминатата година, а полицијата сега истражува и други локации каде наводно престојувал.
Инспекторите веруваат дека Месина Денаро бил во болницата Ла Мадалена во Палермо каде се лекувал од рак на денот на неговото апсење. Во Палермо живеел и неговиот соработник Џовани Лупино, кој исто така бил уапсен.
Под истрага е и доктор Алфонсо Тумбарело поради сомнеж дека му помагал на мафијашкиот бос. Имено, откриено е дека Денаро се лекувал кај него под лажно име.
Под истрага е и Андреа Бонафеде, сопственикот на станот во кој престојувал Денаро.
На Месина Денаро, наречен „Слабиот“, му се судело во отсуство и доби 20 последователни доживотни затворски казни за неговата улога во низа убиства, вклучувајќи ги и бомбашките напади во 1992 година во кои беа убиени мафијашките инспектори Џовани Фалконе и Паоло Борселино.
И покрај неговата болест, обвинителите рекоа дека Месина е способен да отслужи затворска казна и дека таму ќе продолжи да се лекува од рак.
Следете не, не има насекаде