На 13.03.2026 година во 01:21 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, со возило на Итната медицинска помош од Охрид, во Клиничкиот центар во Скопје, со тешки телесни повреди била донесена М.Д.(41) од Охрид. Од преземените мерки, констатирано е дека М.Д. повредите ги добила на работно место во фабрика во Охрид од каде, најнапред била пренесена во болницата „Св.Еразмо” во Охрид а потоа,поради сериозноста на повредите, префрлена на клиниката во Скопје.
СВР Охрид во соработка со трудовата инспекција, презема мерки за расветлување на настанот, се наведува во соопштението.
Следете не, не има насекаде
