март 15, 2026

Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случи попладнево во скопската населба Чаир, при што животот го загуби мотоциклист, јавуваат медиуми на албански јазик.

Според првичните информации, несреќата се случила под засега неразјаснети околности, а ударот бил со силен интензитет.

Од здобиените повреди, мотоциклистот починал на местото на несреќата. Екипите на Итната медицинска помош кои веднаш пристигнале на терен само ја констатирале смртта.

Се очекуваат повеќе информации по увидот на надлежните служби.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK