март 15, 2026

Кими Антонели ги искористи проблемите што ги имаше неговиот колега, Џорц Расел, кој претходно победи во спринт трката. Најбрзото време на Антонели изнесуваше 1:32.064.

Расел, на почетокот на последната кфалификациска сесија имаше проблем со болидот, буквално во последен момент излезе на патеката, успеа да посави време кое беше за две десетински послабо од она на Антонели.

Британецот претходно победи во спринт трката, пред возачите на Ферари Шарл Леклер и Луис Хамилтон. За Расел ова беше втора победа во спринт трките.

Вториот ред, очекувано го формираа Хамилтон и Леклер. Седум кратниот шампион беше побрз за 13 илјадити делови од секундата.

Оскар Пјастри и актуелниот првак, во квалификациите ги освоија петото и шестотот место. Седми е Пјер Гасли од Алпин, Макс Ферстапен и Исак Хаџар и Оли Берман ги комплетираа најдобрите десет на старот.

Големата награда на Кина в недела ќе започне во 8 часот по македонско време.

Foto/ EPA

Share

The post Расел победи во спринт трката, Антонели најбрз во квалификациите за ГН на Кина appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK