Снимките направени со паметните AI очила на Meta наводно завршуваат на увид кај вработени во странство, вклучително и во потенцијално многу приватни ситуации.
Според извештај на шведските медиуми, дел од видео снимките што корисниците ги снимаат со очилата Meta Ray-Ban, кои имаат вградени камери и микрофони, се испраќаат до вработените во Кенија за преглед. Овие работници, ангажирани како „data annotator-и“, ги прегледуваат и ги означуваат снимките за да помогнат во подобрувањето на системот за вештачка интелигенција.
Некои вработени тврдат дека виделе снимки од луѓе во многу интимни ситуации, како што се пресоблекување или користење тоалет, со загриженост дека корисниците можеби не се свесни дека таквата содржина може да се гледа како дел од процесот на обработка на податоци, објавува британскиот Telegraph.co.uk.
Meta вели дека очилата се дизајнирани имајќи ја предвид приватноста, дека корисниците имаат контрола врз своите податоци и дека содржината се филтрира пред гледање. Сепак, политиката за приватност на компанијата дозволува автоматизиран или рачен преглед на интеракциите со AI системите за подобрување на услугата.
Овој случај повторно го отвора прашањето колку се приватни податоците и снимките генерирани од AI уредите, особено со оглед на претходните примери во технолошката индустрија каде што интеракциите на корисниците беа користени за обука на системи.
The post AI очилата на Цукерберг „шпионираат луѓе во тоалет“ appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
