март 15, 2026

Возачот на Мерцедес Андреа Кими Антонели победи на трката за Големата награда на Кина. Младиот Италијанец, кој вчера сана најмлад освојувач на пол-позицијата, во историјата на Формула 1, на патеката во Шангај ја забележа првата победа во кариерата. Антонели е втор најмлад победник на трка во Формула 1.

Кими Антонели, во Шангај победи пред тимскиот колега, Џорџ Расел и седумкратниот првак, Луис Хамилтон, кој прв пат се искачи на подиумот како возач на ферари.

Трката во Шангај, имаше неколку фази. Првата во која возачите на Мекларен, не стартуваа. Од тимот објавија дека Ландо Норис и Оскар Пјатри не се појавиле на стартото од засега „необјаснети“ причини.

Очекувано, стартот му припадна на Ферари, но Кими успеа да ја задржи лидерската позиција. Зад него битка за второто место водеа Хамилтон, Леклер и Расел.

Кога Расел ги победи возачите на Ферари, на патеката се појави возилото за безбедност (поради излетувањето на Ленс Строл).

По земаната на гумите, расел имаше најмногу проблеми, падна на четвртото место. Неколку кругови водеше нова борба зо конкурентите од Ферари и по неколку кругови излезе како победник.

Британецот тука загуби доста, бидејќи Антонели се одвои на врвот со предност од седум секунди.

Следуваше борбата на двоецот од Ферари за третото место. Неколку кругови Хамилтон и Леклер се бореа за третото место. Од таа борба Британецот излезе како победник.

Покрај Антонели, Расел, Хамилтон и Леклер трката во поени ја завршија Оли Бергаман (Хас), Пјер Гасли (Алпин), Лијам Лосон (Рејсинг Булс), Исак Хаџар (Ред Бул), Карлос Саинц (Вилијамс) и Франко Колапинто (Алпин).

Во првенството следува пауза од две недели, на 29.март се вози Големата награда на Јапонија.

Foto/ EPA

Share

The post Прва победа во кариерата – Антонели ја освои ГН на Кина appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK