Владата на САД „демонстрираше“ како војската извршува бомбардирачки операции на официјалниот канал на X на Белата куќа, користејќи снимки од видео играта Call of Duty: Modern Warfare III.
Видеото, кое брои милионски прегледи, го прикажува активирањето на еден од „killstreaks“ од CoD, по што видеото продолжува со снимки од самото бомбардирање на Иран, на кои се додаваат поени за секоја успешно погодена цел.
Видеото е објавено во средината на конфликтот на САД со Иран, што би можело да го турне светот во нова енергетска криза.
Неодамна, американскиот претседател Доналд Трамп му се заблагодари на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, откако рече дека сојузниците на САД во голема мера ги поддржуваат нападите на САД врз Иран.
Ова не е прв пат снимки од воени игри да се користат за воена пропаганда. Сепак, за оваа намена обично се користат реалистични воени симулации како што е ARMA 3, наместо аркадни пукачки игри како што е Call of Duty, пишува HCL.
The post ВИДЕО: Владата на САД се фали со бомбардирањето, користи снимки од „Call of Duty“ appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
