Комеморацијата во спомен на истакнатиот актер Кирил Поп Христов – Кили ќе се одржи на 18 март (среда) во 11 часот, на големата сцена во Македонскиот народен театар.
На комеморацијата, семејството, колегите, пријателите и почитувачите на неговото дело ќе имаат можност да се простат и да му оддадат почит на уметникот, кој со својата силна сценска појава, искреност, духовитост и препознатлив актерски дух остави длабока трага во македонската театарска уметност и култура.
„Кирил Поп Христов – Кили ќе остане запаметен како актер со автентична енергија, ведар дух и големо срце, како колега кој несебично ја споделуваше љубовта кон театарот. Неговиот уметнички придонес и човечност ќе останат трајно врежани во културната меморија“, велат од Македонскиот народен театар.
The post Комеморација во спомен на Кили во МНТ appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
