април 20, 2026

Гитаристот на групата ДНК, Горан Тонев, кој е еден од повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи на денешен ден пред една година, се заблагодари на медицинскиот персонал од болницата „Папаниколау“ во Солун, каде што беше хоспитализиран по пожарот.

Тонев објави фотографии на „Фејсбук“ и упати голема благодарност до лекарите.

„Никогаш нема да ги заборавам луѓето кои биле покрај мене кога ми беше најтешко. Денес повторно се сретнав со дел од прекрасниот персонал од болницата ‘Папаниколау’. Мојата благодарност кон нив е бескрајна“, напиша тој.

Болницата „Георгиос Папаниколау“  беше еден од трите медицински центри во Грција што згрижија повредени од пожарот во своите специјализирани оддели за изгореници.

Share

The post (Фото) Гитаристот на ДНК се сретна со лекарите од болницата „Папаниколау“ во Солун appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK