април 20, 2026

Фудбалската федерација на Сенегал одговори на одлуката на Африканската фудбалска конфедерација да му ја одземе титулата на Африканскиот куп на нации по хаотичните сцени во финалето против Мароко.

Сенегал објави дека ќе се жали на „неправедната, невидена и неприфатлива“ одлука за поништување на нивната победа на континенталното првенство.

На 18 јануари, Сенегал ја освои титулата со победата 1:0, со голот на на Папе Геј.

Тренерот и играчите го напуштија теренот во знак на протест поради пеналот досуден за Мароко, откако претходно им беше поништен чист гол, што предизвика немири на трибините.

По 15-минутно одложување, Сенегал се врати на теренот, Едуар Менди му одбрани пенал на Брахим Дијас, а Папе Геј го постигна победничкиот гол во продолжението.

Сепак, два месеци подоцна, КАФ донесе одлука да му ја одземе титулата на Сенегал и да му ја додели на Мароко. Натпреварот е регистриран со службен резултат, 3:0 за Мароко. .

Сенегалците сега ќе се жалат до Арбитражниот суд за спорт (ЦАС).

Покрај националната Федерација, реагираа и репрезентативците на Сенегал. Меѓу првите се огласи дефанзивецот на „лавовите од Теранга“ и Лион Муса Нијакате.

„Дојдете и земете ги! Луди сте“, реагираше на Инстаграм, 30-годишниот стопер, алудирајќи на трофејот и медалите што ги добија фудбалерите по победата.

Share

The post Сенегал ќе се жали до судот во Лозана, фудбалерите нема да ги вратат медалите appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK