април 20, 2026

Ноќеска (19.03.2026) во 00:10 часот кај наплатна рампа Гостивар, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Гостивар ги лишија од слобода Е.Е.(40), Б.С.(48), двајцата од Гостивар и Ќ.Р.(70) од с.Врањовци, гостиварско.. При преземање мерки, полициските службеници ги забележале лицата во патничко возило „фолксваген бора“ со гостиварски регистарски ознаки, при што Е.Е. исфрлил по едно пакување со грутчеста кафеава материја и со кафеава прашкаста материја, кои се пронајдени и одземени.  

Лицата се задржани во полициска станица и во координација со јавен обвинител во текот на денот ќе им биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK