април 20, 2026

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 11 управувале возило без возачка дозвола, двајца управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана и тројца управувале возило под дејство на алкохол. Во Скопје пет лица возеле без возачка дозвола, по еден во гостиварско, Македонски Брод, Градско, Росоман, Велес и Чашка. По едно лице во Кавадарци и Демир Хисар управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана. Додека, еден возач во Неготино, Свети Николе и на ГП Блато управувале возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK