април 19, 2026

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека Владата донесе Одлука за утврдување на почетокот и завршувањето на летното сметање на времето во 2026 година, објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 58 од 19 март 2026 година.

Согласно донесената Одлука, летното сметање на времето започнува на 29 март 2026 година во 02:00 часот, со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред, односно времето од 02:00 часот се смета како 03:00 часот.

Летното сметање на времето завршува на 25 октомври 2026 година во 03:00 часот, со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад, односно времето од 03:00 часот се смета како 02:00 часот.

Донесувањето на оваа Одлука е во согласност со утврдената годишна практика за регулирање на сметањето на времето, како и со обврските за усогласување со европската регулатива во оваа област.

 

фото/Depositphotos

Share

The post На 29 март започнува летното сметање на времето appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK