април 19, 2026

Бурата околу повредата на Мбапе и неговиот погрешен третман сè уште не е стивната, а во Реал се појави нов скандал.

Имено, неодамна францускиот „РМЦ“, објави информација дека лекарите на мадридскиот клуб го прегледале погрешното колено на Мбапе, поради што тој не започнал веднаш со вистинската терапија и третман.

И додека напаѓачот ги негираше овие информации, „Лекип“ објави дека истото се случило и со Едуардо Камавинга.

На играчот од редот за врска на Реал, му бил прегледан и скениран со магнетна резонанца зглобот на глуждот на погрешната нога. Тоа се случило по натпреварот во Билбао на 3 декември.

Неколку дена потоа, тој се најде на клупата против Селта, а кога откриле што направиле Камавинга морал да отсуствува две недели.

Ќе видиме како Реал ќе реагира на овие тврдења…

Foto/ Depositphotos

Share

The post Нов циркус во Реал: На уште еден играч му била прегледана погрешна нога appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK