Босна и Херцеговина и Чешка ги добија пенал рулетите против Велс, односно Република Ирска и се дојдоа на чекор до пласман на Светското првенство.
Драматичните пенал серии во Кардиф, односно Прага заврши со 4:3, откако Велс и БиХ по 120 минути одиграа 1:1, а Чешка и Република Ирска 2:2. Апсолутни херои се голманите Ковар (Чешка) и Васиљ (БиХ).
БиХ, во финалето ќе ја пречека Италија во Зеница, додека Чешка за прптивник ја има Данска.
Боснаците со голот на ветеранот Един Џеко во 86-та минута се изборија за продолженија, а потоа и за пенали, откако Велс имаше предност со голот на Џејмс во 51-та минута.
Во пенал серија прв промаши Демировиќ, но потоа на сцена стапи Васиљ, откако Бренан Џонсо го промаши голот во третата серија, во четвртата го одбрани удато на Неко Вилијамс.
Чесите на домашен терен се врати по негативата од два гола. Ирска во 19-та минута поведе со голот на Перо од пенал, а четири минути подцна Ковар си постигна авто-гол.
Шик изедначи од пенал во 27-та минута, а продолженија обезбеди Крејчи со голот во 86-та.
Ирците по првите три серии има предност 3:2, откако Келехер го одбрани ударот на Китил, но потоа Ковар се претври во херој, во четвртата и петтата серија ги одбрани ударите на Азаз и Браун, а во исто време прецизни беа Шик и Климент.
The post (Видео) БиХ и Чешка преку пенал рулетот до финалните мечеви во баражот appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
