март 27, 2026

Баер Леверкузен го потврди трансферот на Керим Алајбеговиќ, кој во летото 2025 година премина во Ред Бул Салцбург. Германскиот прволигаш ја искористи откупната клаузула договорена за репрезентативецот на Босна и Херцеговина.

Алајбеговиќ минатата година го напушти тимот до 19 години на Леверкузен и се пресели во Салцбург, а сега потпиша петгодишен договор со клубот од Леверкузен, кој ќе стапи на сила на 1 јули оваа година. Баер го купи за осум милиони евра.

Младиот 18-годишен играч на репрезентацијата на Босна и Херцеговина одигра одличен натпревар синоќа во Кардиф, асистираше за голот со кој Един Џеко го изедначи резултатот против Велс, а потоа во пенал-рулетот го реализираше последниот пенал. Не играше во почетниот состав, влезе од клупата во 62-та минута.

Foto/ EPA

Share

The post Леверкузен го потврди трансферот на босанскиот вундеркунд Алајбеговиќ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK