март 27, 2026

Капитенот на Барселона, Рафиња, повторно се здоби со повреда на „задната ложа“, која веќе ја повреди двапати оваа сезона.

Бразилецот го одигра првото полувреме во поразот од Бразил прптов Франција (1:2), во пријателски натпревар, почувствува болка во шеснаесетникот и веднаш побара промена.

Тежината на повредата сè уште не е позната, но првите прогнози не се ветувачки, бидејќи станува збор за истиот проблем што веќе го запре Рафиња двапати оваа сезона.

Откако се врати на теренот, Рафиња е еден од најважните играчи во тимот на Ханси Флик, оваа сезона одигра 31 натпревар, постигна 19 гола и запиша осум асистенции.

Повредата на Рафиња дојде во најлошиот можен момент, бидејќи по паузата, Барселона игра дури три натпревари против Атлетико Мадрид, прво во Ла Лига, а потоа и двомечот од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Останува да се види колку долго Рафиња ќе мора да паузира, но сигурно е дека тоа ќе биде пауза од неколку недели.

Foto/ Depositphotos

Share

The post Рафиња повторно се повреди appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK