Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, ги шармираше сите со својот аутфит кога се појави на инаугурацијата на надбискупот Сара Мулали. Кејт на тој начин даде поддршка на новата ера во Англиканската црква, но исто така покажа уште еден совршен аутфит.
Иако лошото време се закануваше да ја загрози целата организација, тоа не ја спречи принцезата да блесне. Во еден момент, беше направена фотографија додека се бореше со ветерот и се обидуваше да ја спаси својата шапка.
А како изгледаше убавата Кејт?
За оваа пригода, принцезата избра тесен кариран капут под кој носеше црн фустан, а сè комплетираше со ефектен шешир, додека чантата се издвојуваше како ѕвезда на нејзиниот аутфит.
Иако Кејт има завидна колекција на капути и речиси секогаш воодушевува со нов модел, овој пат сите коментираа за чантата која е вистински хит во 2026 година.
Популарната „згужвана“ чанта, како што пишува Вог, ќе биде голем моден тренд оваа година, а Кејт се одлучи за модел со потпис на модната куќа Шанел.
Со овој моден чекор, Кејт малку отстапи од својот претходен стил, бидејќи ваквите модели изгледаат можеби малку неуредни, што принцезата од Велс сигурно никогаш порано не го носела.
The post (Фото) Ниту ветерот ниту дождот не можат да ја спречат да биде најубава: Кејт Мидлтон изненади со модно издание appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
