Возачот на тимот ВР46, Фабио ди Џанантонио, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Америка, третата трка од сезоната на шампионатот Мото ГП.
Италијанецот во Остин ја осовои втората последовна пол-позиција по ред, со рекорден круг од 2:00,136 минути, по спектакуларните квалификации за време на кои рекордот на Маверик Вињалес од пред две години беше соборен неколку пати.
Најблиску до Диџа беше Марко Бецеки на Априлија, а на двајцата ќе им се придружи во првиот ред возачот на КТМ, Педро Акоста.
Марк Маркез, рекордерот по број на победи во Тексас, го освои шестото место, а квалификациите ги заврши половина секунда зад Диџа.
Спринт-трката во Остин започнува во 21 часот, додека Американското Гран При се вози утре со почеток во 22 часот.
The post Диџа на пол-позицијата во Тексас, Маркез на шестото место appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
