април 17, 2026

Основното јавно обвинителство Кочани изврши увид на лице место во близина на Виница каде беше пронајдено тело на починато машко лице со прострелна рана од огнено оружје.

Со преземените дејствија до овој момент, лицето е идентификувано како ловочувар, кој бил дел од група за комерцијален лов. 

Во тек се дејствија на обезбедување докази, се вршат претреси и соодветни вештачења на траги.

Задржани се тројца странски и еден македонски државјанин кои биле дел од групата за комерцијален лов и за кои се испитува дали биле инволвирани во пукањето.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK