април 19, 2026

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го освои Мастерсот во Мајами без да изгуби сет.

Во финалето на Мајами, обележано со дожд и одложување од речиси 90 минути, Јаник Синер го победи Јиржи Лехечка со 2-0 во сетови по еден час и 34 минути игра – 6:4, 6:4.

Италијанецот го комплетираше популарниот Саншајн Дабл, односно Индијан Велс и Мајами еден по друг, станувајќи осмиот играчк во историјата на тенисот што го сторил тоа, по Џим Куриер (1991), Мајкл Ченг (1992), Пит Сампрас (1994), Марсело Риос (1998), Андре Агаси (2001), Роџер Федерер (2005, 2006, 2017) и Новак Ѓоковиќ (2011, 2014, 2015, 2016).

Неговиот подвиг е уште поголем бидејќи не загиби сет на двата турнира.

Исто така, вреди да се напомене дека Италијанецот сега има освоено 34 сета по ред на Мастерс турнирите, што е одамна е рекорд, откако ја надмина серијата од 24 сетови на Ѓоковиќ.

Foto/ Depositphotos

Share

The post Синер не запира, го освои и Мајами appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK