април 16, 2026

Посебен режим на сообраќај на повеќе локации низ градот, поради одржување на две спортски манифестации ќе има утре во Скопје.

Првиот настан е планинската трка „Водно-Матка Треилс 2026“, која започнува во 07:00 часот наутро. Стартно-целната позиција е во комплексот „Македонско село“, а трасата се движи по дел од јавниот пат до селото Горно Нерези (кај џамијата), по што натпреварувачите продолжуваат по планинските патеки. Поради оваа трка, сообраќајот на овој потег ќе биде затворан во три кратки интервали од по пет минути: од 07:00 до 07:05 часот, од 08:00 до 08:05 часот и од 09:00 до 09:05 часот.

Вториот настан е улична трка во организација на Сојузот на спортови на Скопје, која започнува во 10:00 часот. Трката ќе се одвива по булеварот „Илинден“, со старт кај фонтаната „Лотус“. Учесниците ќе трчаат по булеварот до крстосницата со булеварот „8 Септември“, каде ќе прават полукружно свртување и ќе се враќаат назад кон стартната позиција.

Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе биде на терен и ќе ги пренасочува возилата по околните сообраќајници. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници со цел безбедно и непречено одвивање на настаните.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK