септември 21, 2024

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на економскиот форум во Давос изјави дека не е сигурен дали претседателот на Русија Владимир Путин е воопшто жив, пренесува „Украинска правда“.

„Навистина не разбирам со кого да разговарам и што. Не сум сигурен дека рускиот претседател кој понекогаш се појавува на зелениот екран е навистина (вистинскиот). Не разбирам навистина дали е жив и одлучува или кој друг одлучува таму. Која група на луѓе (би можела да донесе некакви одлуки во Русија)? Немам такви информации”; рече Зеленски.

Тој додаде дека не разбира како некој може да им вети едно на европските лидери, а следниот ден да изврши целосна инвазија на друга земја.

„Едноставно не разбирам со кого си имаме работа. Кога велиме „мировни преговори“, навистина не разбирам со кого (треба да преговараме). Сега разговараме со вас: знаете точно кој сум јас, и Знам точно кој сте вие. Има сведоци дека сме живи. Дури и да зборуваме за различни работи, можеме да постигнеме консензус“, рече Зеленски.

Тој нагласи дека Украина направила се за да ги ослободи своите територии преку дипломатски средства, а мировните преговори сами по себе се уште не се мир.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK