април 17, 2026

Капитенот на Манчестер Сити, Португалецот Бернардо Силва, ќе го напушти англискиот клуб на крајот од сезоната, потврди помошникот тренер на тимот од „Итихад“, Пеп Лејндерс.

Силва (31) има договор со клубот од Манчестер до 30 јуни оваа година.

„Бернардо Силва е уникатен. Начинот на кој ја контролира играта, начинот на кој се движи, начинот на кој ја прима и насочува топката, начинот на кој гледа решенија… Само кога не игра, ќе сфатите колку ви недостасува. Замислете еден натпревар, но само цела сезона. Секоја приказна, без разлика колку е добра, мора еднаш да заврши. Се надевам дека Бернардо ќе ужива во последните неколку недели во дресот на Сити и ќе има убаво збогување. Тој го заслужи сето тоа“, рече Лејндерс.

Силва пристигна во Манчестер Сити во 2017 година од Монако. Одигра 450 натпревари за англискиот клуб и постигна 76 гола. Португалскиот фудбалер освои 18 трофеи со Манчестер Сити.

Силва ја презеде капитенската лента на Манчестер Сити на почетокот од оваа сезона по заминувањето на Кевин де Брујне.

Foto/ depositphotos

Share

The post Завршува ерата на Бернардо Силва во Манчестер Сити appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK