септември 21, 2024

Големиот христијански празник, Богојавление-Водици се одбележува и во Дебар, традиционално во црквата „Света Петка“, каде света литургија одржа намесникот на Дебарската парохија, Миле Ангеловски.

За разлика од лани, кога чинот на осветувањето на водата беше направено симболично, овој пат по светиот крст скокнаа Павел Ангеловски и Дамјан Стефановски.
Среќата му се насмевна на осумгодишниот Павел, кого освен Црковниот одбор соодветно го даруваа и верниците.

Намесникот и присутни верници си го честитаа празникот со желби и молби до Бога за здравје и благосостојба а кумството од семејството на Јован Силјановски за до година го презеде семејството на Љупчо Узуновски.
По повод Водици заживеаа селата од поширокиот регион, каде дојдени се поранешни жители и нивните потомци. Посебно, по празнувањето се препознатливи повеќе села, пред се Битуше, Горенци, Гари и Долно Мелничани.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK