Македонскиот јазик е нашиот идентитет, нашата гордост и срцето на оваа нација.
Да го заштитиме, негуваме и пренесеме на идните генерации како наше најголемо наследство. Го обезбедивме европското и светското признание за нашиот идентитет и денес секаде, јасно и гласно се употребува терминот македонски јазик.
Ќе се грижиме и понатаму да го зачуваме нашиот македонски јазик, а со него и нашиот идентитет.
Сите ние заеднички да придонесеме за негувањето и заштитата на македонскиот јазик како трајна вредност.