септември 21, 2024

На 74-годишна возраст почина македонскиот сликар и истражувач Александар Настески. Тој е роден во Гостивар, а работел и живеел во Тетово.

Тој беше еден од истражувачите на карпестата уметност на Шар Планина. Тој најчесто работел со масло, односно комбинација на пејзажи, портрети и мртва природа. Член беше на Здружението на ликовни уметници од Тетово. Во јуни 2020 година во Центарот за култура во Тетово ја одржал својата 26 самостојна изложба.

Дипломирал како сликар-костимограф на Белградскиот универзитет во Србија.

Настески имал над 30 изложби во земјава, Франција и Италија. Лани ја доби наградата за животно дело „19 Ноември“ што се доделува по повод ослободувањето на Тетово.


The post Почина Александар Настески македонски сликар и истражувач на Шар планина appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK