април 17, 2026

Атлетико Мадрид го игра вториот од трите натпревари против Барселона закажани во рок од 10 дена, вечерва на програмата е првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите, против Барселона на „Камп Ноу“.

Францускиот напаѓач Антоан Гризман е еден од играчите кои ги бранеа боите на двата клуба, иако остави подлабок белег носејќи го црвено-белиот дрес. Тој е најдобриот стрелец во историјата на Атлетико, а веќе е познато дека ќе се пресели во Орландо по завршувањето на сезоната.

Гризман, кој ќе го прослави својот 36-ти роденден на 21 март, потпиша долгорочен договор со Орландо во американската МЛС лига, а напуштањето на клубот за кој постигна 211 гола во сите натпреварувања е емотивен за двете страни, па натпреварите до крајот на сезоната ќе имаат посебна тежина.

„Не зборувам само од перспектива на тренер, туку и на навивач на Атлетико, што и сум“, започна шефот на стручниот штаб на Атлетико, Диего Симеоне, кој е на чело на клубот е од декември 2011 година.

55-годишникот од Буенос Аирес му се заблагодари на Грзиман за тоа што беше вреден и скромен, и додаде:

„Вие сте личност достојна за восхит во општество каде што на младите им е потребен пример како вас. Ви благодарам за сè што ни дадовте, ни давате и ќе ни дадете.“

Симеоне го нарече Гризман пријател пред собраните новинари.

„Благодарен сум што имам фудбалер кој прави разлика. Тој пристигна како крилен напаѓач и поминаа три тешки месеци додека не сфатив на која позиција треба да го ставам во тимот. Замислував да се пресели малку повеќе на средината, на позиција што бара ментална сила. Оттогаш, тој најчесто ја завршуваше сезоната како наш најдобар стрелец. Да, тој е еден од најдобрите играчи што некогаш сме ги имале“, подвлече Симеоне.

Натпреварот од четвртфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид се игра вечерва од 21 часот.

Во сабота, Атлетико ќе гостува кај Севилја, потоа во вторник ќе ја пречека Барселона, а следната сабота, на 18 април, ќе игра во финалето на Кралскиот Куп против Реал Сосиедад.

Foto/ EPA

Share

The post Емотивен поздрав на Симеоне до Гризман: Ти благодарам за сè, пријателе мој appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK