Принцот Хари и Меган Маркл со години живеат далеку од влијанието на кралското семејство и Велика Британија, а се сместија во својот нов живот во Монтесито, каде што уживаат во семејна идила со нивниот син Арчи и ќерката Лилибет.
Иако поранешната војвотка од Сасекс не споделува често фотографии на кои е вклучено нејзиното семејство, таа прави исклучок за празниците, а сега покажа како го прославиле Велигден.
Серија снимки од дворот на кои се гледаат празничните декорации, како и Меган и Хари како уживаат во времето поминато со своите деца, привлекоа големо внимание, главно поради нивниот „затегнат“ однос со монархијата.
И овој пат, Меган не го прекрши правилото и не ги покажа лицата на своите деца, туку ги снимаше додека трчаа боси по тревникот, си играа со птици и носеа корпи со украсени јајца.
„Среќен Велигден“, напиша Меган под објавата, но никој не можеше да ѝ одговори бидејќи одамна ја отстрани опцијата да коментира за сè што објавуваше на социјалните мрежи.
The post (Видео) Меган Маркл објави преслатка снимка од нејзините деца кои го слават Велигден appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
