април 17, 2026

Мартинијан Кириловски објави нова песна „Sećanje na april“ (Сеќавање на април) – современа музичка приказна инспирирана од емоцијата на култната „April u Beogradu“ (Април во Белград) на Здравко Чолиќ, една од најзначајните композиции поврзани со фестивалот „Белградска пролет“.

Станува збор за песна што носи препознатлива носталгија, но во исто време звучи свежо и актуелно, градејќи сопствен израз без директна споредба со оригиналот што ја инспирирал.

„Sećanje na april“ првично беше подготвена за учество на фестивалското издание во 2026 година, но по одлуката јубилејното, 65-то издание на „Белградска пролет“ да се реализира во ревијален формат, без натпреварувачки дел, авторскиот тим одлучи песната да ја објави како самостоен проект, во чест на големиот јубилеј.

Музиката и текстот се дело на Митко Чешларов, додека аранжманот го потпишува Ангел Ќосев. Заедно создаваат композиција што зборува за љубовта, времето и спомените што остануваат, теми што лесно се препознаваат, но ретко се пренесуваат со ваква едноставност и искреност.

Интерпретацијата на Кириловски е моќна и емотивна, со природен тек што ѝ дозволува на песната да „дише“ и постепено да ја гради атмосферата.

Во рамки на проектот е реализиран и видео запис во режија на Алек Тасевски, во кој како модел се појавува Лара Денковиќ. Видеото ја следи естетиката на песната – минималистичка, но визуелно впечатлива, со акцент на емоцијата и приказната.

„Sećanje na april“ не се обидува да го повтори минатото, туку го продолжува чувството што музиката го остава низ времето.

 

Share

The post (Видео) Мартинијан Кириловски објави нова песна инспирирана од култната „Април у Београду“ на Здравко Чолиќ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK