април 16, 2026

Џоел Ембиид, НБА ѕвезда и поранешен МВП, итно бил хоспитализиран и опериран, пред натпреварот со Хјустон.

Како што објави американскиот новинар Шамс Чаранија, Ембиид бил хоспитализиран поради воспаление на слепото црево.

Засега нема најави колку ќе трае неговата пауза. Ембиид стигна до осмата позиција во Источната конференција со Филаделфија, а бидејќи се очекува да паузира неколку недели, можно е сезоната да е завршена за него.

Ембиид беше МВП во 2023 година, а откако одигра само 58 натпревари во последните две години, поради бројни повреди и хронични проблеми со коленото, можноста за пензионирање се споменува сè почесто.

Foto/ Depositphotos

Share

The post Итно опериран Џоел Ембид appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK