април 16, 2026

Роберт Левандовски, еден од најдобрите напаѓачи во изминатите 10 години, веројатно ќе ја напушти Барселона по завршувањето на сеозната како слободен играч. Возраста и астрономската платата што ја добива се причината Бараселона да не му понуд нов договор.

Левандовски, наводно не сака да ја напушти Барселона, подготвен е да направи остапки, но доколку не добие понуда за нов договор знае каде сака да ја продолжи кариерата.

„Газета дело Спорт“, пишува дека Левандовски му се нуди на Милан. За клубот кој сака да го потпише Левандовски бесплатно, платата може да биде проблем, која е превисока, но во Милан се обидуваат да најдат начин да ја „покријат“.

Оваа сезона Полјакот постигна 12 лигашки голови за Барселона и вкупно 17 во 39 натпревари. Иако неговата возраст е фактор, можноста да се доведе докажан стрелец без трошоци за трансфер го прави исклучително интересен на пазарот.

Foto/ Depositphotos

Share

The post Левандовски му се нуди на италијанскиот великан appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK