април 17, 2026

Минатиот викенд во Банско, Бугарија се одржа финалето на изборот за Мис и модел на Галаксијата за тинејџерки за 2026, на кој нашата држава имаше три претставнички.

Тие направија фантастичен успех освојувајќи титули секоја во својата возрасна категорија.

14-годишнина Нина Црнокрак и 17-годишната Лина Настевска победија во конкуренција на модели, а 15-годишната Ангела Ваневска победи во конкуренција на мис.

Финалето на изборот се одржа во Националниот Театар во Банско.

Нашите девојки се претставија во фустани специјално изработени за нив за изборот од Наташа Ал Апарел, Атеље Жана, Елена Лука и Атеље Ленче.

Фустанот на Елена Лука кој го носеше нашата убавица Лина Настевска победи во конкуренција на вечерни тоалети.

Трите наши убавици се членки на Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за Македонија за овој престижен интернационален избор за убавина и модели.

Изборот се одржа во организација на “INTERSOUND”, најстарата модна агенција во Бугарија.

Share

The post (Фото) Апсолутен триумф на девојките од Модното студио Црнокрак appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK