април 17, 2026

Баерн Минхен не сака да се откаже од Мајкл Олисе и да го пушти да се пресели во Реал Мадрид.

На крајот од вчерашниот ден, од Шпанија пристигнаа „бомбастични“ вести, во кои се наведува дека Реал Мадрид нема да штеди пари за да го доведе фантастичниот играч на Баерн во своите редови.

Се вели дека Флорентино Перез е подготвен да плати помеѓу 160 и 165 милиони евра за Олисе. Баерн експресно му одговори на првиот човек на Реал.

„Олисе во Реал Мадрид? Не, едноставно не. Нема шанси. Имаме долгорочен проект, Мајкл се чувствува многу удобно тука, фудбалот што го играме е фантастичен. Тој останува“, рече Еберл за германскиот „Скај Спорт“.

Интересно е што оваа приказна беше лансирана помеѓу двата натпревари на Баерн и Реал во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Баерн победи со 2:1 во Мадрид во вторник вечерта, а реваншот е во среда во Минхен.

Foto/ Depositphotos

Share

The post Баерн му одоговри на Флорентино Перез – Олисе не е на продажба appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK