април 17, 2026

Среќен Воскресението Христово – Велигден
Христос Восресна!
Навистина Воскресна!

Почитувани Православни верниците во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви го честита Воскресението Христово – Велигден со желба да го славите во текот на многу следни години. Како православни верници, Велигден нè потсетува на моќта на Христовото Воскресение, аво нас ја буди надежта која очајно ни е потребна во нашите животи, за нашите работни места, за нашите семејства, за нашата иднина.

На Воскресението Христово – Велигден, нашите мисли и срца се со луѓето на кои им е најпотребна помош, со оние кои се чувствуваат осамено, со оние кои ја изгубиле надежта и вербата за подобра иднина. Верата Христова нѐ учи да делиме и споделуваме. Затоа, на Велигден отврете ги домовите и срцата за вашите сакани, но и за оние кои имаат помалку од вас. – стои во честитката потпишана од претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај.

Share

The post Македонското друштво „Илинден“-Тирана со велигденска честитка: Порака за вера, мир и заедништво appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK