април 17, 2026

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го освои Мастерсот во Монте Карло и се врати на првото место на АТП листата.

Во финалето, Синер го победи бранителот на титулата, Карлос Алкараз, со 7:6 (5), 6:3.

Ова е прва титула на Јаник на земјена подлога на турнир од серијата 1.000. Во понеделник, тој ќе ја започне 67-та недела како број 1.

Синер ја продолжи својата доминација на Мастерс турнирите, бидејќи ова е негова четврта последователна титула, по Берси (Париз), Индијан Велс и Мајами.

Во двата сета, Италијанецот успеа да го врати брејкот, а потоа да направи пресврт. Во меѓусебните Алкараз води со 10:7.

foto/ EPA

Share

The post Синер го освои Монте Карло и се врати на првото место на АТП листата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK