април 17, 2026

На 12.04.2026 во 16:45 и 18:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода Б.М.(37) и Ќ.С.(30), двајцата од село Корешница, демиркаписко, постапувајќи по претходна пријава дека тие со патничко возило „мерцедес” со демиркаписки регистарски ознаки, противправно лишиле од слобода 21-годишник од Неготино, му се заканувале со пиштол и остар предмет, по што го однеле на непозната локација и физички го нападнале.

Пиштолот и останати предмети биле пронајдени и одземени, а за настанот бил известен јавен обвинител. 

Б.М. и Ќ.С се задржани во полициска станица и по целосно документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK