април 16, 2026

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода шест возачи за безобѕирно управување возило. Од нив четири возачи управувале возило без возачка дозвола, а двајца управувале возило под дејство на алкохол.

Во Битола двајца возеле без возачка дозвола, а по еден во Скопје и Гевгелија. Еден од возачите во Битола претходно предизвикал сообраќајна незгода, односно со возилото кое го управувал удрил во паркирано возило. Еден возач во Струга и еден во Струмица управувале возило под дејство на алкохол. Возачот во Струмица предизивикал и сообраќајна наезгода, односно со возилото кое го управувал излетал од патот. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

 Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK